УЕФА со порака до Русија: И да одите во Азија ништо нема да се промени!

336
ФОТО: rfs.ru

Спортската јавноста во светот, посебно оаа фудбалската чека на потегот на Русија. Дали навистина Фудбалската федерација на Русија ќе се повлече од УЕФА и ќе замине во Азија. Тоа се најавува со денови, но како што обично бива Русите се чини дека почнаа да тактизираат.

Неофицијално првиот човек на УЕФА Александер Чеферин е подготвен да даде “зелено светло“ за да ја пушти Русија да си оди, но сепак и тоа ништо нема да и значи на Русија.

Имено и ако биде членка на Азиската асоцијација, репрезентацијата и клубовите немаат право да играат натпревари кои се под капата на ФИФА.

Значи и ако оди Русија во Азија нема ништо да се промени.

ПретходноБлагоја Милевски: Не размислувам за приказните кои се “плетат“ за Ристовски и Адеми!
СледноКакво понижување: ПСЖ нема намера да му го продолжи договорот на Серхио Рамос!