Ерлинг Халанд уште еднаш, по којзнае кој пат докажа дека е “бомбардер“ од највисока класа. Синоќа во победата над Лидс овој млад Норвежанец беше во главна улога со своите два гола во победата на Манчестер Сити од 1:3.
Со тие два гола тој сега има 20 погодоци во Премиерлигата на само 14 меча. Остварување што некој тешко дека ќе го достигне. Досегашен рекордер беше Кевин Филипс на кого му беа потребни дури 21 меч.
Од друга страна нов податок кој сите нас не остава без здив.
Имено Халанд под водство на Пеп Гвардиола успеал да постигне вкупно 25 голови на само 20 мечеви. На пример на Лео Меси од времето во Барселона кога беа заедно со Пеп, му беа потребни 28 натпревари, на Агуеро дури 35 мечеви во дресот на Манчестер Сити. Тој е подобар и од Ето и Анри.
Инаку се сметаат головите од стартот на сезоната.
Ова е доказ дека Халанд навистина е чудо од голгетер.