Ширер: Халанд сигурно ќе го урне мојот рекорд во Премиер лигата

263

Во меч од 17. Коло на Премиер лигата, Манчестер Сити го совлада Лидс со 3:1, а два гола постигна Ерлинг Халанд. Тој сега има 20 гола во 14 одиграни натпревари во најсилната англиска лига и тој е најбзо го направил тоа од сите претходни и сегашни играчи. Како споредба вториот на листата Кевин Филипс дал 20 гола но во 21 меч во сезоната 1999/2000.

Тој понуди се што може да понуди напаѓач од светска класа. Не гледам слабости кај него. Да бидам реален, тој можеше да постигне пет гола против Лидс. Ми се допаѓаат неговата глад и желба и неговиот пристап на фудбалот.

Ако сакаш модел на фудбалер според кој ќе го градиш идниот напаѓач, ете, тој е тој… Нема во што не е добар. Ако биде фит уште оваа сезона ќе стигне до бројката 40 гола во Премиер лигата. Ако остане сигурно ќе го урне и мојот рекорд“, изјави поранешниот голгетер Алан Ширер.

Да потсетиме дека Ширер е најдобриот голгетер во Премиер лигата со 260 голови.

ПретходноСветски шампион сака да игра за Јувентус
СледноЕндрик: Поради двајца играчи го одбрав Реал Мадрид