Шкендија го победи Левски Софија за потписот на Максимов! (ФОТО+ВИДЕО)

1823

Од денеска и официјално Методи Максимов, еден од нашите најдобри млади играчи, е ново име во таборот на Шкендија. Ова е првата трансфер “бомба“ во мак – фудбалот оваа зима. Класичен трансфер е ова. Шкендија му плати отштета на Работнички, сума која и тоа како е добра за наши услови, барем така се шпекулира и Максимов во наредните 3,5 години ќе го носи дресот на тетовскиот клуб.

Интересно е тоа што Шкендија во некоја рака го победи бугарскиот гигант Левски Софија во битката за потписот на Максимов. Бугарите до последен момент притискале за трансфер на младиот Максимов, имало и понуд до него лично, но сепак и тој и Работнички ја прифатиле понудата на Шкендија.

Она што го информивавме вчера и се случи. Имено во текот на вчерашниот ден дошло до договор, а денеска следуваа потписот и промоцијата.

По доаѓањето во клубот младиот Максимов веднаш беше пречекан од страна на тренерот Ќатип Османи, кој му објасни што се очекува од него во дресот на Шкендија, а потоа Максимов го облече „црвено – црниот“ дрес со кој позираше на промоцијата.

May be an image of 1 person and indoor

May be an image of 1 person and text

ПретходноНорвежанец блескаше на стартот на „Четири скокалници“
СледноЗамина и „Кралот на фудбалот“: Пеле почина во 82 година од животот