НБА фановите и цела лига се во шок по она што се случи синоќа на мечот меѓу Детроит и Орландо, а се случи класична тепачка. Домашниот состав успеа да го добие овој меч, но во еден момент дојде до голем инцидент а потоа и до тепачка на паркетот во која учествуваа повеќе кошаркари од двата тима.
Се почна со кошкањето меѓу Мо Вагнер и Килијан Хејс кој се најде на паркетот. Кога стана тој со класичен нокаут го “покоси“ Вагнер за да следуваше „експлозија“ на клупата на Орландо по што голем дел од играчите влетаа на теренот.
На крајот Вагнер и Хејс добија исклучување, исто така исклучени беа Хамидо Диало и тренерот на домашните Двејн Кејси.
Јасно е дека НБА веднаш покрена истрага против “боксерот“ Хејс кој се соочува со голема казна.
PISTONS-MAGIC MAYHEM 🚨
Moe Wagner shoved Killian Hayes into the Pistons bench.
Hayes retaliated by punching him in the back of the head and Wagner appears to lose consciousness. pic.twitter.com/bwrHq1qKmY
— ClutchPoints (@ClutchPointsApp) December 29, 2022