Јасмин Мециновиќ е нов играч на Феризај

786

Некогашниот македонски младински репрезентатиец и искусен интернационалец долги години, Јасмин Мециновиќ ја продолжува својата богата кариера во Косово. Поточно, во тимот на Феризај, каде што на пролет заедно со своите нови соиграчи ќе се обидат да му обезбедат опстанок на клубот кој сезонава се мачи на резултатски план.

Токму затоа е и доведен Мециновиќ. Како искусно решение за дефанзивната линија, очигледно проблематична во изинатиот период за тимот на Феризај.

Мециновиќ есенва беше дел од неговиот матичен клуб Скопје, а своевремено настапуваше како интернационалец во Молдавија, Норвешка, Унгарија, Ерменија, Индонезија, Сингапур, Бангладеш, Иран, Црна Гора. Ова ќе му биде втор мандат во Косово, затоа што веќе беше дел од тимот на Трепча. Во домашниот шампионат беше дел уште и од Ренова, Македонија ЃП, Хоризонт Турново и Струга Трим Лум.

ПретходноПјуник му кажа благодарам на Радески
СледноАстрит Амзаи ќе го брани голот на Гостивар