Арсенал ќе му подигне споменик на Венгер на “Емирати“!

236

После 4,5 години Арсен Венгер се врати на „Емирати“ да проследи еден натпревар на својот Арсенал. “Топчиите“ добија “крилја“ од гостинт кој што беше во ложата и продолжија да “газат“ во Премиерлигата. Пред три дена совладан беше тимот на Вест Хем со 3:1.

Познато е што значеше и што значи, каква икона е Венгер за Арсенал. Од 1986 до 2018 година тој беше на клупата на “топчиите“ и во тој период на клубот му донесе 17 трофеи.

Токму затоа челниците на Арсенал одлучија да му подигнат споменик кој ќе биде пред стадионот “Емирати“ во знак на благодарност за се она што тој направи за клубот.

ПретходноНиколиќ пред дербито со Цибона: Немам време за промени, но верувам дека можеме да изненадиме!
СледноСветски шампион сака да игра за Јувентус