Ветераните се собраа, нека му ја „мислат“ младите (ФОТО)

296

Новата 2023 година ќе започне со спектакуларен настан. Во СЦ „Борис Трајковски“ на 3. јануари ќе се одигра мечот на деценијата помеѓу некогашните и сегашните репрезентативци.

РФМ одлучи да ги собере на едно место сите оние кои низ годините го носеле дресот на националниот тим, биле лидери, донеле многу победи и радосни моменти.

Ќе биде вистинско уживање да се видат на едно место легендите и иднината на македонскиот ракомет, овој настан ќе биде дополнет со многу забава, а се чини главната ќе биде на теренот.

Ветерените кои дел се „замрзнати“ како што кажа Стојанче Стоилов веќе се собраа, подготуваат тактика за својот противник.

Билети се уште има во продажба, пред некој ден првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов потврди дека се продадени околу 4.500 билети, останати се уште 1.500.

ПретходноАнгажираа 23 фудбалери оваа сезона, а тренерот сака уште нови играчи!
СледноСтоле прими два гола од пенал, Рајо двапати водеше, но не успеа да слави кај Џирона! (ВИДЕО)