Фудбалот го загуби својот крал. Најголемиот играч во историјата, Бразилецот Пеле почина денеска на 82-годишна возраст.
Семејството сè уште не објави детали за бдеењето, но во изминативе денови беше формирана структура во Вила Белмиро каде најверојатно ќе се одржи целата церемонија. Погребот ќе биде направен во Сантос.
И покрај комплицираната ситуација, Пеле помина неколку дена стабилно и со мало подобрување. Меѓутоа, во последните денови здравствената состојба на „кралот“ повторно се влоши.
Пеле имаше седум деца и беше во брак со Марсија Аоки. Од неговиот прв брак, со Роземери Чолби, се родија Кели Кристина, Едињо и Џенифер. Поранешниот играч е и татко на близнаците Џошуа и Селест, од врската со психологот Асирија Лемос. Покрај овие, Пеле има и две ќерки вонбрачно: Сандра Реџина, која доби признание за татковство од страна на Пеле, но која почина во 2006 година, и Флавија.
Најдобриот фудбалер на сите времиња за националниот тим дебитираше во 1957 година на натпреварот од Копа Рока против Аргентина, кога го постигна и својот прв гол во жолтиот дрес. Со бразилскиот тим, на само 17 години, тој го освои Светското првенство во Шведска во 1958 година.
Четири години подоцна ќе се повреди во второто коло на Светското првенство во Чиле, кое на крајот повторно го освои Бразил. Откако беше мета на сериозни фаули на Светското првенство 1966 година, во Англија, тој ја предводеше легендарната бразилска репрезентација до третото светско првенство во 1970 година, во Мексико,с о што стана единствениот играч кој освоил три Светски Купа.