Николиќ пред дербито со Цибона: Немам време за промени, но верувам дека можеме да изненадиме!

191

МЗТ Скопје годината ја завршува со настап во АБА-лигата каде не може да се пофали со добри резултати. Поради серијата на порази, од кормилото си замина Александар Петровиќ, а на негово место дојде Драган Николиќ, кој своето деби ќе го има утре против Цибона на гости.

„Цибона е дефинитивно најпријатното изненадување на до сега во АБА. По огромните проблеми со кои се соочуваше овој клуб пред сезоната, ретко кој очекуваше дека сега ќе се најде на средината на табелата. Тимот одлично го води мојот голем спортски пријател, Јосип Сесар, кој е добар и талентиран тренер и кој (прави) чудо од тимот што го има на располагање. Кратко сум во Скопје, немам време за никакви промени, па во Загреб ќе играме со системот и начинот на игра што стигна до МЗТ. Но, и покрај тоа, се надевам дека ќе дадат пристоен отпор и ќе направат се за да го изненадат својот силен ривал“, изјави Николиќ.

МЗТ Скопје се наоѓа на последното место во АБА-лигата, има две победи и 10 порази.

ПретходноМакедонските кадети ќе се борат за третото место на Шпаркасе купот
СледноАрсенал ќе му подигне споменик на Венгер на “Емирати“!