Шкендија останува без мега – талентот: Дашмир Елези пред трансфер во Грузија!

2320

Како што дознава „Спортмедиа“ се чини дека Шкендија оваа зима ќе остане без својот мега – талент Дашмир Елези. Рекордерот во мак – фудбалот кој заигра на 16 години и еден ден во ПМФЛ и постигна гол во своето деби пред две години, сега на 18 години веројатно ќе направи трансфер во Грузија. Дознаваме дека Елези и неговиот менаџер се во завршни разговори со идниот негов клуб.

Познато е дека Шкендија ќе бара голема сума за наши услови како отштета, а само два клуба во Грузија имаат финансиска моќ да ја платат таа отштета. Тоа се Динамо Тбилиси и Динамо Батуми.

Да кажеме и тоа дека младиот напаѓач е и еден од клучните играчи во нашите млади селекции, посебно во таа У-19 на Македонија.

ПретходноШифрин победи на ноќниот слалом во Семеринг и дојде на две победи од рекордот на Вон
СледноЕве како Сантос се прости од Пеле: Вечниот! (ФОТО)