Бадијала се закануваа: Русија нема да се сели во Азија, сака преговори со УЕФА!

155

Фудбалскиот сојуз на Русија сепак нема да ги оствари заканите за излегување од Европа и за преселба во Азија. Откако видоа дека и да заминат во Азија пак нема да може да играат, сега ја “вртат“ плочата и сакаат преговори со УЕФА.

УО на Сојузот одлучи да и предложи на УЕФА формирање на работна група со цел да се одлучи што побрзо и како тоа рускиоот фудбал да се врати на службените натпреварувања. За нас е најважно да се вратиме, односно да почнеме со натпревари и тоа за квалификациите за СП во 2026“ истакна на денешниот прес првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Русија, Александар Дијуков.

Ианку по агресијата на Русија врз Украина, УЕФА, ФИФА и сите останати спортски асоцијации ја исклучија Русија од своите натпреварувања.

ПретходноЃорѓиев: Селекторот гради победнички менталитет во оваа млада репрезентација!
СледноКајзер Франц: Пеле имаше три срца – едно за фудбалот, едно за семејството и едно за сите луѓе!