Кои се 10-те најголеми разочарувања оваа фудбалска 2022 година?

277

Оваа 2022 година беше полна со изненадувања, некои од нив како резултат на Светското првенство во Катар, но имаше и играчи кои се претставија далеку под очекуваното ниво, што имаше забележително влијание врз нивната пазарна вредност. Шпанскиот весник „Спорт“ направи избор на 10-те најголеми разочарувања на светската фудбалска сцена оваа година.

Во најтесниот избор во оваа непопуларна категорија се најдоа:
Еден Азар (Реал Мадрид), Жоао Феликс (Атлетико), Пол Погба (Јувентус), Џејдон Санчо (Манчестер Јунајтед), Филипе Кутињо (Астон Вила), Артур (Јувентус/ Ливерпул), Елиас Мориба (Лајпциг / Валенсија), Тимо Вернер (Лајпциг), Герет Бејл (Лос Анџелес), Кристијано Роналдо (Манчестер Јунајтед).

На чело на оваа листа на разочарувања прво е името на Белгиецот Азар, кој имаше уште една сезона за заборав. Азар, од неговото доаѓање во Реал Мадрид во 2019 година за 115 милиони евра, одигра само 72 натпревари, на кои постигна само седум гола. Во сезоната 21/22 поранешниот играч на Челзи постигна само еден гол во Копа дел Реј, а во досегашниот дел од сезоната одигра 229 минути и едвај еднаш се запиша меѓу стрелците.

Покрај него второ најголемо разочарување е Жоао Феликс како играч на Атлетико Мадрид, кој по постојаните несогласувања со неговиот тренер, Чоло Симеоне, никако да ги оправда оние 127 милиони евра платени за него при трансферот од Бенфика во 2019 година. Младата фудбалска ѕвезда минатата сезона постигна осум гола, а оваа година има само три, цифри далеку под неговата цена.

ПретходноСите зборуваат за новиот „имиџ“ на Антоан Гризман (ФОТО)
СледноПОВЕЌЕ ОД 45 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ВИДЕОЛОТАРИЈА ИСПЛАТИ КАЈ ИГРАЧИТЕ ВО ДЕКЕМВРИ