Вут Фаес е фудбалерот кој му ја обезбеди победата на Ливерпул против Лестер во меч од 18.коло на Премиер лигата. Ова е втора победа на „Црвените“ по рестартот на сезоната во англиската елита по онаа над Астон Вила.
Вечерва „Црвените“ се мачеа да го пробијат Лестер. Прво примија гол во 4. минута од Девсбери-Хал, а потоа го свртеа резулатот благодарение на дефанзивецот на гостите Вут Фаес кој си постигна два автогола во период од 38. до 45. минута.
Во вториот дел резултатот не се менуваше и трите бода останаа на „Енфилд“.
Фаес е четвртиот фудбалер со два автогола во еден премиерлигашки меч, по Џејми Карагер (1999, Ливерпул-Ман.Јунајтед), Мајкл Проктор (2003, Сандерленд-Чарлтон) и Џонатан Волтерс (2013, Стоук-Челзи).
На другиот вечерашен меч Вест Хем е поразен дома од Брентфорд со 0:2 со головите на Тони и Дасилва во првото полувреме.
Faes… 😭😭pic.twitter.com/2Db0UNZ0JK
— GonçaloDias17 (@goncalo_diass17) December 30, 2022
ANOTHER OWN GOAL
Faes going for the hat-trick! pic.twitter.com/vIKNVnE94S
— Viktor Fagerström (@ViktorFagerLFC) December 30, 2022