Сега е и официјално. Ал Наср и Кристијано Роналдо потпишаа соработка со што поранешниот најдобар светски фудбалер почнува нова авантура, за него непозната во Саудиска Арабија. Тоа е прв клуб на Роналдо надвор од Европа.
„Со нетрпение очекувам да почнам да играм во нова лига во друга држава. Визијата на Ал Наср е многу инспиративна и возбуден сум што ќе им се придружам на новите соиграчи, заедно да му помогнеме на тимот да биде поуспешен“, изјави Португалецот.
Тој го доби бројот 7. Договорот му е до 2025 година, а потоа ќе биде амбасадор на Саудиска Арабија за добивање на организацијата на СП 2030 година.
Неговиот нов клуб е деветкратен шампион на Саудиска Арабија, но последен пат во сезоната 2018/19. Во 2019/20 заврши втор, а во 1995 година играше во финалето на азиската ЛШ (поразен од Сонгнам од Јужна Кореја).