Стојанче Стоилов по завршување на репрезентативната кариера, дел од својот прв слободен зимски распуст го искористи за убави приказни. Една доаѓа од малата сала „Јане Сандански“ каде на свое големо задоволство одлучи да ги израдува најмладите.
Школата „Ракомет за секое дете“ на 250 деца им подели новогодишни пакетичиња, а новиот Дедо Мраз беше токму Столе. Насмевките на нивните лица доволно говорат колку ужуваа во овој ден.