Бразил прогласи тридневна жалост поради смртта на Пеле

62

Бразил прогласи тридневна жалост поради смртта на Пеле. Соодветниот декрет, кој стапува на сила на 29 декември, го издаде претседателот Жаир Болсонаро.

Трикратниот светски шампион Пеле почина вчера на 82-годишна возраст.

Поранешниот бразилски репрезентативец на 29 ноември беше хоспитализиран поради влошена здравствена состојба. Му беше дијагностицирана бубрежна и срцева слабост.

Претходно беше објавено дека хемотерапијата, на која тој се подложи како дел од лекувањето на ракот на дебелото црево, престана да го дава посакуваниот резултат.

Пеле е единствениот играч во историјата кој го освоил Светското првенство трипати како играч (во 1958, 1962 и 1970 година).

ПретходноНезадржлив: Нов трипл-дабл за Дончиќ и нова победа за Далас (ВИДЕО)
СледноКовчегот со телото на Пеле в понеделник ќе биде изложено на стадионот на Сантос