Хрватската репрезентација на претстојното Светско првенство кое во јануари ќе се одржи во Шведска и Полска ќе биде без услугите на еден од најискусните Иван Чупиќ.
Поранешниот вардарец поради повреда на коленото нема да може да му помогне на својот тим на Мундијалот. Но, тука не застануваат проблемите за оваа репрезентација и селекторот, Хрвоје Хорват. Поради повееда отпадна и Лучин, има проблем со рамото, препораките на лекарите се дека ќе мора подолго време да биде надвор од терените.
На негово место е повикан Северец од Нексе, а во таборот се враќа Јаков Гојун.
Хрватската репрезентација ќе биде еден од последните контроли за Кирил Лазаров и неговите избраници пред почетокот на СП.