Гостивар се засили и со младиот Христовски!

432

Гордијан Христовски (19) е најновото засилување во таборот на Гостивар.Есенскиот шампион во ВМФЛ денеска преку своите социјални мрежи се пофали дека успеал да го амгажира некогашниот лев бек на ФК Скопје. Христовски во есенскиот дел во тимот на “пиратите“ беше на шест мечеви и одигра сосема солидно. Се разбира со младиот Христовски тимот на Гостивар ќе добие на освежување, но и на зголемување на ростерот ако се знае гостиварци и тоа како ги чека тешка битка напролет за првите две места кои водат во фудбалската елита во Македонија.

ПретходноШиков во друштво со Пеле: Неповторлив, “Кралот“ ќе остане во вечно сеќавање!
Следно„Мисијата“ Маврово завршува: Ракометарите од први во комплетен состав!