Шпанскиот ветеран во дресот на Барселона, Серхио Бускетс, ако не успее да се договори со Каталонците за продолжување на договорот и следната сезона, најверојатно ќе се преслеи вО Саудиска Арабија во екипата на Ал Наср,
Весникот „Мундо Депортиво“ објави информација дека Ал Наср сака да го купи Бускетс уште во зимскиот преоден рок. Интересот за поранешниот играч од средниот ред на Шпанија се должи на неизвесната иднина на играчот во каталонскиот клуб, кој има договор со Барса до летото 2023 година.
Бускетс допрва треба да донесе одлука за својата иднина.
Претходно беше објавено дека дефанзивецот на ПСЖ, Серхио Рамос и напаѓачот Кристијано Роналдо треба да се преселат во Ал Наср.