Клоп: Целта ни е Лигата на шампионите, но ќе биде тешко
140
Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп е реален околу ситуацијата во Премиер лигата и колку неговиот тим може да се вмеша во битката за титулата. Тој смета дека првите две места се резервирани за Арсенал односно Манчестер Сити, и дека Ливерпул евентуално може да се бори за топ четири место.
„Оваа сезона зборуваме за топ седум позиција. Сега сите знаеме дека Њукасл е многу силен противник. Само четири екипи ќе се пласираат во Лигата на шампионите. Изгледа останаа две места. Арсенал има извонредна сезона, а Сити е Сити. Јунајтед се враќа, Тотенхем се бори со сите сили, а и Челзи има шанси. Ќе биде пеколно тешко. Треба да имаме извонредна втора полусезона за да се пласираме во Лигата на шампионите. Ова е нашата цел. Јасно е какви квалитетни конкуренти имаме, но сепак многу зависи од нас. Под притисок сме, како и другите тимови, бидејќи да се знае дека заостануваме неколку бодови не е најдобро чувство. Ни претстои голема битка со многу прекрасни игри“, изјави Клоп за Daily Mail.
Арсенал оваа сезона води во Премиер лигата со 40 бодови. Манчестер Сити е втор со 35 бодови. Њукасл ја затвора првата тројка со 33 бода. Тотенхем (30) и Манчестер Јунајтед (29) се четврти и петти. Ливерпул е шести со 25 бодови.