Кога не ти е ден: Неговиот тим си водеше, а тој со два автогола му донесе пресврт на противникот (видео)

1298

Полувреме е на „Енфилд роуд“, а Ливерпул води против Лестер со 2:1 благодарение на двата автогола на Вут Фаес. „Лисиците“ имаа водство, а потоа на сцената стапи Фаес кој со своите несмасни потези го сврте резултатот во корист на „Црвените“.

Прво во обид да исфрли нафрлена топка од десната страна си го лобуваше својот голман, а пред крајот на првиот дел по одбиената топка во стативата тој си ја смести во голот.

Фаес е четвртиот фудбалер со два автогола во еден премиерлигашки меч, по Џејми Карагер (1999, Ливерпул-Ман.Јунајтед), Мајкл Проктор (2003, Сандерленд-Чарлтон) и Џонатан Волтерс (2013, Стоук-Челзи).

Liverpool [1] – 1 Leicester – Wout Faes own goal 38′

Dec 31, 2022

Liverpool [2] – 1 Leicester – Wout Faes own goal 45′

Dec 31, 2022

ПретходноЗвезда падна против Барса после епска борба: Миротиќ ги урна „црвено-белите“
СледноРоналдо за трансферот во Саудиска Арабија: Визијата на Ал Наср е многу инспиративна