„Богот на фудбалот“ како што го нарекуваат Пеле, речиси целиот свој живот го мина во центарот на вниманието на светската јавност. Уживаше Пеле во гламурот, во еуфоријата која што се создаваше околу него со децении, и истата нема да престане и покрај негоата смрт на 82. годишна возраст. Идентично како и во случајот со Марадона. Едноставно тоа се личности за кои ќе се зборува додека постои фудбалот.
Сепак, како и во случајот на Марадона чиј живот секогаш имаше нишка на контраверзност односно скандал, и оној на Пеле имаше такви моменти.
Бразилецот имаше три брака и седум деца, а едно од нив навистина предизвика голем скандал од кој семејството тешко се опорави. Некогаш екстра талентираниот голман на Сантос, Едињо откако стана јасно дека нема да постигне голема кариера беше уапсен, а потоа и осуден поради тргување со дрога на 33 години затвор. Синот од првиот брак на Пеле, на сите начини се обиде да избегне повеќедецениско заминување во затвор и донекаде му успеа тоа. По многуте жалби, одлагања и притисоци неговата казна беше намалена на 12, па на десет години, за да тој всушност на крајот одлежи само нешт повеќе од две. Целата сага околу дрога скандалот за Едињо заврши во 2017 година, а оттогаш тој се посвети на тренерскиот занат и водеше неколку нисколигаши.