Легендарниот холандски фудбалер Марк Овермарс претпел благ мозочен удар, поради што бил пренесен во болница и засега е во стабилна состојба, пренесе неговиот клуб Антверпен.
„Овермарс, директорот на нашиот клуб, синоќа е примен во болница со благ мозочен удар. Тој е во стабилна состојба, но ќе мора да мирува извесно време“, објавија од белгискиот клуб.
Некогашниот спортски директор на Ајакс неодамна доби отказ поради шега со сексуална конотација со вработените жени во амстердамскиот клуб, меѓу кои и фудбалерките. Сепак, бргу најде нова работа и тоа во Антерпен.
Тој е поранешен холандски репрезентативец со 86 настапи и 17 голови.