Она што “Спортмедиа“ го најави уште на 26 ноември, деновиве и се оствари. Имено Академија Пандев набргу треба да го официјализира трансферот на Агрон Руфати (23). Тој ќе биде првото зимско засилување за струмичкиот прволигаш. Инаку Руфати има играно за Истра, Зорија Луганск, Клинчени од Романија, како и во младинските школи на Динамо Загреб и Локомотива Загреб. Беше стандарден репрезентативец на младинските селекции на Македонија.
Во А. Пандев оваа зима треба да дојде и Марио Врдољак (29), играч за врска кој бил член на повеќе клубови од БиХ и Хрватска, а има играно и за неколку клубови во Италија.
Дознаваме дека во деновите што претстојат раководството на А. Пандев треба да го официјализира трансферот со еден Бразилец, а во моментов се водат и интензивни разговори со Матеј Цветаноски и Кристијан Тошевски.