Побрзајте да не биде доцна: Останаа уште 500 билети за мечот на деценијата!

400

Јануари, секогаш е резервиран за македонската ракометна репрезентација. Како најуспешен национален тим и оваа година ќе настапува на големо натпреварување, овој пат на Мундијалот кој ќе се одржи во Шведска и Полска.

Долги години ракометарите токму во ладните денови ги топлат нашите срца, не оставаат без сон, ни ги „кинат“ живците. Македонија од 2012 година па наваму е редовен учесник на европските и светските првенства, за дресот „гинеа“ голем број на имиња, а РФМ на 3. јануари ќе им оддаде почит на сите нив.

Како вовед на Мундијалот, македонската публика ќе има уникатна шанса да ги поздрави поранешните репрезентативци и да ги охрабри новите младите момчиња, кои заедно со неколку искусни имиња ќе не претстават на Светското првенство.

Билетите за дуелот насловен како „Сите ѕвезди“ од ден во ден ги има помалку. РФМ ја извести јавноста дека во слободна продажба има уште 500. Затоа побразјате и навреме обезбедете го своето место во СЦ „Борис Трајковски“, ќе биде вистински празник.

ПретходноГотово е: Роналдо стави потпис на двегодишен договор со Ал – Наср! (ФОТО+ВИДЕО)
СледноНиколиќ: Можевме да изненадиме, но направивме грешки кои не сакам да ги коментирам со жешка глава!