Екипата на Севиља одигра само 1:1 на гостувањето кај Селта и со тоа има освоено 12 бода со кои останува во опасната зона (18 позиција). Неочекувано андалузиската екипа место да се бори за позиција во Европа таа сезонава се најде во долниот дел од табелата.
Шест меча по ред не знае за победа во домашното првенство. Селта дојде во водство во 33. минута со голот на Веига, а изедначи Салас во 54. минута.
На другите натпревари денеска Кадиз-Алмерија 1:1 и Хетафе-Мајорка 2:0.