Семејството на Пеле излезе со официјално соопштение во врска со смртта на „кралот на фудбалот“.
„Инспирацијата и љубовта го одбележаа патот на кралот Пеле, кој денеска почина во мир. По неговиот пат, Едсон го маѓепса светот со својата спортска генијалност, запре војна, спроведуваше социјална работа низ светот и го ширеше она во што тој веруваше дека е најдобро за исцелување на сите наши проблеми: љубовта.
Неговата порака денес станува наследство за идните генерации. Љубов, љубов и љубов засекогаш“.
View this post on Instagram
Ќерката на Пеле, Кели Насименто, исто така објави потресна фотографија од семејството на големиот Бразилец како се држат за рака.
“Tutto ciò che siamo è grazie a te. Ti amiamo infinitamente. Riposa in pace”
Il commovente messaggio d’addio di #KelyNascimento a papà #Pele pic.twitter.com/DudgLrXufb
— Corriere dello Sport (@CorSport) December 29, 2022