Очекувано, заслужено. Имено секоја чест за сите спортови, но се знае кој е кој. Па така во изборот на спортските новинари од светот, Лео Меси е избран за спортист на годината, а Аргентина за најдобра екипа во 2022 година.
Велиме очекувано ако се знае дека пред две недели токму Аргентина со Меси стана светски првак на Мундијалот во Катар.
На ова гласање, на Меѓународното здружение на спортските новинари (АИПС), учествуваа 420 спортски новинари од 113 земји.
Во машка конкуренција Меси освои 926 бодови, втор беше атлетичарот Арманд Дуплантис од Шведска (373 бодови), додека трет Килијан Мбапе (366 бодови).
Во женска конкуренција за најдобра избрана е шпанската фудбалерка Алексија Путељас (452 бода), пред американската пливачка Кори Ледецки (295) и атлетичарката од Венецуела Жулимар Рохас (243 бодови).
За најдобра екипа е прогласена фудбалската репрезентација на Аргентина (1.399 гласа), на втоо место се најде репрезентацијата на Мароко (381 глас), додека на третото место фудбалската селекција на Франција (252 гласа).