Струга Трим Лум во посета на домот за лица со посебни потреби (ФОТО)

174

Есенскиот шампион, тимот на Струга Трим Лум покажа денеска дека покрај спортската, професиналната и етичката страна, има во себе и хуман момент.

Фудбалерите денеска го домот за лица со посебни потреби и на дечињата им подарија новогодишни пакетчиња.

Нема поголема радост од фактот дека секој мора да биде истретиран на најдобар можен начин, дека на овие дечиња ова им претставува најубав новогодишен момент, и дека секогаш мора да бидат наш приоритет затоа што грижата и негата за нив е неопходна.

Браво за Струга Трим Лум, браво за Таири, Мирселоски, Малески и Бојку кој денешниот ден на овие дечиња им го направија посебен.

ПретходноКефи: Промената на тренерот секогаш носи нова енергија, се надевам дека ќе ја искористиме!
СледноГолем удар за Хрватска пред стартот на Светското првенство!