Убава вест, пред се за селекторот Благоја Милевски. Имено Тихо Костадинов, нашиот репрезентативец и дефинитивно заздраве од тешката повреда и операцијата на лигаментите и деновиве почна со тренинзи во својот клуб Пјаст Гливице. Костадинов беше надвор од терените цели осум месеци. Тој на почетокот на април оваа година ги скина предните вкрстени лигаменти, следуваше операција на 21 истиот месец, но сега се е готово. Костадинов заздраве и почна со тренинзи.
Се чини токму навреме, веројатно ќе биде подготвен за стартот на квалификациите за ЕВРО 2024 и мечот со Малта во март следната година.