Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов беше во стартниот тим на Барнли на гостувањето кај Стоук во 25.коло на Чемпионшип дивизијата. Нашиот фудбалер играше до 52. минута кога беше заменет со Зароури. Десет минути подоцна Барнли го постигна победничкиот гол преку Џош Кулен.
Со тоа Барнли е лидер со 53 бода, три повеќе од вториот Шефилд Јунајтед. Стоук е на 17. место.
Барнли има 15 победи сезонава. На последните 22 меча има само еден пораз, од Шефилд Ј. на 5 Ноември. Од тој пораз одиграа пет меча и сите им се победи.
Идното коло Барнли ќе гостува на Свонси.