Ѓорѓиев: Селекторот гради победнички менталитет во оваа млада репрезентација!

210

На претстојното Светско првенсво бројот на млади ракометари во македонската репрезентација ќе биде поголем од оние поискусните. Почнува промената на генерација, а првиот голем предизвик е токму Мундијалот кој ќе се игра во Шведска и Полска.

Игор Ѓориѓиев е еден од оние имиња кое допрва треба да ја оправда довербата од Кирил Лазаров и да се наметне во националниот тим. Минатото Европско првенство не беше лесно за нив бидејќи во последен момент останаа без Лазаров, а позитивен беше и Стоилов.

„Подготовките течат во најдобар ред, мислам дека оваа седмица ја минавме максимално добро. работевме на кревање на формата и на воигрување на одредени тактички замисли на стручниот штаб. Одигравме и две контролни средби со Црна Гора кои беа добредојдени, а во првите денови од 2023 ќе видиме што сме сработеле. Последното ЕП беше многу тешко за нас поради проблемите, заразените играчи со коронавирус и повредата во последен час на Кире Лазаров. Голем дел од товарот падна врз нас помладите и слободно можам да кажам дека беше големо искуство за сите, за мене лично беше прво Европско првенство и верувам дека побогат за тоа искуство ќе се прикажам во уште подобро светло на наредниот Мундијал“, ни изјави Ѓорѓиев. 

Групата е тешка, но нема лесни противници особено на големите натпреварувања, каде некогаш фаворитите не минуваат според очекувањата. Па токму Македонија која е аутсајдер може да приреди изненадувања, особено ако противниците ја потценат оваа репрезентација.

„Сите знаеме дека Норвешка е фаворит во нашата група, но тоа не значи дека однапред ќе се откажеме и на тој премиерен меч во Краков. Она што селекторот го гради како менталитет во оваа подмладена репрезентација е на секој меч да се обидеме да одиме на победа. Сепак, реалноста е дека нашата шанса ќе ја бараме на дуелите со Аргентина и Холандија, каде верувам дека можеме да забележиме најмалку една победа“, вели средниот бек на РК Алкалоид.

Претходно„Пандевци“ го договорија Агрон Руфати, доаѓа и Бразилец!
СледноБадијала се закануваа: Русија нема да се сели во Азија, сака преговори со УЕФА!