Бразил прогласи тридневна жалост поради смртта на Пеле. Соодветниот декрет, кој стапува на сила на 29 декември, го издаде претседателот Жаир Болсонаро.
Трикратниот светски шампион Пеле почина вчера на 82-годишна возраст.
Поранешниот бразилски репрезентативец на 29 ноември беше хоспитализиран поради влошена здравствена состојба. Му беше дијагностицирана бубрежна и срцева слабост.
Претходно беше објавено дека хемотерапијата, на која тој се подложи како дел од лекувањето на ракот на дебелото црево, престана да го дава посакуваниот резултат.
Пеле е единствениот играч во историјата кој го освоил Светското првенство трипати како играч (во 1958, 1962 и 1970 година).