МЗТ Скопје со меч од АБА-лига ја завршува оваа година. На овој план актуелниот македонски првак не може да се пофали со добри резултати, јадранскиот предизвик се покажа многу тежок, по 12. одиграни кола има десет порази и само две победи.
Токму поради овој скор, МЗТ Скопје го назначи Драган Николиќ за нов тренер. Првиот тест ќе го има во Загреб против Цибона. Николиќ најави дека баш на оваа средба не може да направи промени во играта, ќе се водат според стариот систем, новитети треба да видиме во јануари.
„Нема простор за калкулации, против Цибона ќе одиграме најдобро што можеме и ќе се обидеме да изненадиме. Промената на тренерот секогаш носи нова енергија, која се надевам дека ќе ја искористиме на најпозитивен можен начин“, изјави Мајкл Кефи.
Цибона е деветта на табелата со пет победи и и седум порази, додека МЗТ Скопје е последен на табелата.