Несреќниот Фаес му ја обезбеди победата на Ливерпул (видео)

149

Вут Фаес е фудбалерот кој му ја обезбеди победата на Ливерпул против Лестер во меч од 18.коло на Премиер лигата. Ова е втора победа на „Црвените“ по рестартот на сезоната во англиската елита по онаа над Астон Вила.

Вечерва „Црвените“ се мачеа да го пробијат Лестер. Прво примија гол во 4. минута од Девсбери-Хал, а потоа го свртеа резулатот благодарение на дефанзивецот на гостите Вут Фаес кој си постигна два автогола во период од 38. до 45. минута.

Во вториот дел резултатот не се менуваше и трите бода останаа на „Енфилд“.

Фаес е четвртиот фудбалер со два автогола во еден премиерлигашки меч, по Џејми Карагер (1999, Ливерпул-Ман.Јунајтед), Мајкл Проктор (2003, Сандерленд-Чарлтон) и Џонатан Волтерс (2013, Стоук-Челзи).

На другиот вечерашен меч Вест Хем е поразен дома од Брентфорд со 0:2 со головите на Тони и Дасилва во првото полувреме.

ПретходноРоналдо за трансферот во Саудиска Арабија: Визијата на Ал Наср е многу инспиративна
СледноЧурлинов стартер, Барнли победи на гостувањето кај Стоук