Антоан Гризман синоќа беше еден од фудбалерите кои ја донесоа последната победа за Атлетико (М) во 2022 година, откако двапати асистираше во победата од 2.0 на неговиот тим против Елче. Сепак, за него синоќа и денеска најмногу се зборува поради новиот „имиџ“.
Гризман, кој одигра одличен меч против Елче синоќа на првиот меч по СП во Катар се појави… со розова коса!
Напаѓачот на Атлетико Мадрид, веќе навикнат да добива и позитивни и негативни критики за неговата промена на фризури, овој пат носеше впечатлива боја на косата што го остави на мета на „критичарите“ на социјалните мрежи.
New look, @AntoGriezmann… 😏 pic.twitter.com/wBXRyuzTXr
— LaLigaTV (@LaLigaTV) December 29, 2022