Убава вест: Костадинов по осуммесечна пауза почна со тренинзи!

270

Убава вест, пред се за селекторот Благоја Милевски. Имено Тихо Костадинов, нашиот репрезентативец и дефинитивно заздраве од тешката повреда и операцијата на лигаментите и деновиве почна со тренинзи во својот клуб Пјаст Гливице. Костадинов беше надвор од терените цели осум месеци. Тој на почетокот на април оваа година ги скина предните вкрстени лигаменти, следуваше операција на 21 истиот месец, но сега се е готово. Костадинов заздраве и почна со тренинзи.

No description available.

Се чини токму навреме, веројатно ќе биде подготвен за стартот на квалификациите за ЕВРО 2024 и мечот со Малта во март следната година.

ПретходноНиколиќ: Можевме да изненадиме, но направивме грешки кои не сакам да ги коментирам со жешка глава!
СледноОвермарс заврши во болница поради мозочен удар