Екипата на Виљареал славеше победа со 2:1 над Валенсија во шпанската Ла Лига. Единсон Кавани донесе водство за Валенсија во 21. минута, но изедначи Чуквуезе во 45. минута. Во 88 минута „жолтата подморница“ ги осигура бодовите со голот на Фојт.
Ова е седма победа на Виљареал сезонава и е на седмото место на табелата. Валенсија е три места подоле.
Сосиедад со 2:0 ја победи Осасуна. Головите ги постигнаа Мендез (22 минута) и Сорлот (64 минута).
Во денешниот термин Барселона и Еспањол одиграа 1:1.
Villarreal 0 – [1] Valencia – Edinson Cavani 21′
Dec 31, 2022
Villarreal [1] – 1 Valencia – Samuel Chukwueze 45+1′
Dec 31, 2022
Villarreal [2] – 1 Valencia – Juan Foyth 89′
Jan 01, 2023