Претседателот на Србија, Александар Вучиќ повторно се најде во центарот на вниманието со своите посебни изјави. Тој објави дека се исплатени уште четири милиони евра на машката и женската репрезентација на Србија во ракомет, одбојка и ватерполо, а на прашање на водителот дали фудбалерите ќе добијат нешто, тој одговори дека нема.
„Зошто да им префрлам на фудбалерите, имаа пари како плева? Играа лошо и тоа беше доволно. Верував дека можат многу повеќе, извини, верувам во нив и секогаш ќе бидам со нив и ќе навивам за нив. Не беа добро подготвени за првенството, нема среќа или несреќа – два порази и трет натпревар, ако сте среќни што беше нерешено, тогаш нема голема филозофија“, изјави Александар Вучиќ и потоа. подвлече дека е незадоволен од нивниот настап на Светското првенство: „Се беше лошо, што сега – ќе биде подобро. Ни ја вратија вербата во фудбалот, но…“.