“Казнетиот“ Рашфорд за триумф на Јунајтед!(ВИДЕО)

131

Нема лабаво кај Ерик тен Хаг, поради недисциплина стратегот на Манчестер Јунајтед го отстрани од стартниост состав Маркус Рашфорд пред мечот со Вулфси. Но кога виде дека на полувреме резултатот беше 0:0, тој во вториот дел му даде шанса, а репрезентативецот на Англија и тоа како покажа дека е одличен фудбалер. Со убав гол во 76.мнута му донесе победа на Јунајтед. Тој постигна подоцна уште еден гол но ВАР му го поништи.

Ова беше меч од 18.коло, Манчестер Јунајтед не покажа којзнае што на гостувањето кај Вулверхемптон, но нели, победите се паметат.

А со голот и победата веројатно страстите ќе се смират на релација Тен Хаг – Рашфорд.

На крајот да споменеме дека Де Хеа во последните секунди со фантастична одбрана го спаси својот гол, ја спаси победата на Јунајтед.

 

ПретходноФисник Зука нов играч на Гостивар
СледноАмбициозно од Хау: Нема да кажам дека Њукасл не може до титулата во Премиерлигата!