Познато е колку Роналдо ќе заработува секоја секунда, минута…

307

Кристијано Роналдо потпиша двегодишен договор според кој годишно ќе заработува 200 милиони евра, а сега е пресметана и неговата точна плата.

Португалецот секоја секунда ќе заработува по 6,5 евра, додека за секоја минута помината во клубот ќе добива дури 386 евра. Секој час еден од најдобрите светски фудбалери ќе инкасира по 23.150 евра, што е навистина неверојатна бројка.

Ако мислите дека сето тоа е „лудо“, погледнете колку ќе заработува секој ден, неговата сметка дневно ќе биде побогата за 555.555 евра.

Роналдо ќе заработува 3.888 милиони евра неделно, додека Португалецот на месечно ниво ќе заработува дури 16.67 милиони евра.

Секако, сето тоа води до конечната бројка што ќе ја заработи за една година, а тоа е 200 милиони евра. Со оглед на тоа што потпиша двегодишен договор, јасно е дека играјќи за Ал Наср ќе заработи дури 400 милиони евра.

ПретходноИнтервју со Кирил Лазаров: Во Македонија ретко кој гледа реално на работите, откако ќе изгубиме нешто тогаш се освестуваме!
СледноОва го има само на Балканот: Калиниќ погоден со чаша од „своите“ (ВИДЕО)