СП Катар: Меси со пехарот, најдобро финале во историјата, Мундијал за мерак!

153

Со оглед на тоа дека сеуште се свежи сеќавањата од Мундијалот во Катар нема премногу да елаборираме. Направени се сите анализи, се знае кој новиот фудбалски Бог, првата титула за Меси и трета за Аргентина.

Се разбира Мбапе е во фокусот, многу изненадувања, Мароко спектакуларен, Хрватска со бронзата.

Разочараа Србија, Белгија, Германија, Шпанија… а убедливо најслаб селектор е Драган Стојковиќ – Пикси кој со своето тренерско незнање просто ја уништи својата репрезентација.

Но доста за него, ако на Србите им е добар како селектор, тогаш и натаму нека им биде.

Бразил самиот се зафркна со својат препотентност.

Аргентина почна со пораз од С. Арабија, заврши со победа над Франција во финалето по пенал – серијата.

Тој меч во финалето, тие 120 минути, секако и пеналите, шансите, головите, пеналите во текот на регуларниот дел, напнатоста, се беше тоа за мерак.

Ова беше најдобро финале во историјата, можеби и најдобар фудбалски меч во историјата.

Катар се покажа како одличен домаќин, а Мундијалот беше за уживање.

И на крај…Лео си дојде по своето. Сега сите можат да кажат кој е најголемиот.

Фудбалскиот генијалец стави печат на една фантастична кариера.

На својата сакана земја и го донесе пехарот по цели 36 години пауза, го освои она што му недостигаше.

ПретходноВиљареал со пресврт ги собра бодовите против Валенсија (видео)
СледноЛуис Суарез е нов фудбалер на Гремио