Искусниот Фисник Зука на пролет ќе го носи дресот на Гостивар. Второлигашот упорно носи нови, квалитетни играчи, за да по паузата биде уште посилен и конечно го обезбеди тој толку посакуван прволигашки статус.
Покрај Зука, зимава Гостивар веќе се пофали со Гордијан Христовски, Астрит Амзаи, Рејан Абази и Симеон Христов.