Бразилец до Арапите: На Роналдо му давате ‘милијарди’, а вашите клубови должат пари

1218

Се уште не стивнуваат реакциите по трансферот на Роналдо во Ал Наср од Ријад. Тој направи потрес во Азија, популарноста на Ал Наср скокна до „небо“ затоа што тројно им се зголеми бројот на следбеници на социјалните мрежи. Ефектот на Роналдо дава резултат, а од финансиска гледна точка Португалецот ќе заработи неверојатна сума на пари. Се зборува за 200 милиони евра по сезона до 2025 година, плус ќе ја има улогата на амбасадор по завршувањето на соработката.

Тоа беше поттик 33-годишниот бразилски фудбалер Жозеф Соуза, кој моментално игра во Бешикташ, да реагира на овој трансфер на Португалецот. Тој беше член на Ал Ахли од Саудиска Арабија во перидот од 2018 до 2020 година, а од таму „избега“ во Бешикташ. Причината е што саудискиот клуб, кој испадна од елитата минатата сезона, му должи голема сума на пари на Соуза. Не само на него, Соуза вели дека има уште многу такви како него кои чекаат пари од тамошните клубови.

Па тој го искритикува Министерството за спорт на оваа држава поради тоа што им дозволува на клубовите да се однесуваат како да нема закони и правила.
Тој си ги бара парите преку ФИФА со оглед на тоа дека не нашол разбирање од Министерството за спорт и клубот.
Господине министре за спорт, би сакал да ви честитам за одличниот трансфер и потоа да Ве посоветувам пред да потпишете големи договори за другите тимови да ги платите долговите на арапските клубови кон ФИФА“, напиша Соуза на својот Твитер профил.
објавувајќи фотографија од Кристијано Роналдо со министерот за спорт на Саудиска Арабија.

ПретходноTрансферот на Роналдо во Ал Наср преку цртеж на Момани
СледноТоп скандали во тенисот за 2022: Ноле против сите, суспензијата на Русите, хистеријата на Данил…