Леброн со неверојатна партија го прослави 38. роденден, нов трипл-дабл на Јокиќ (ВИДЕО)

208

Леброн Џејмс својот 38 роденден го прослави на најдобар можен начин. Неговите Лејкерси ја совладаа Аталанта со 130-121, а Џејмс зад своето име запиша 47 поени, 10 скока и 9 асистенции.

Ова беше негова најдобра партија оваа сезона, за неговиот тим 15 победа со која се наоѓа на 13 место во Западната конференција.

Никола Јокиќ запиша нов трипл-дабл, овој пат во триумфот на Денвер над Мајами од 124-119. Српскиот центар имаше 19 поени, 12 скока и исто толку асистенции.

Резултати: Орландо – Вашинтон 100:119, Атланта – ЛА Лејкерс 121:130, Торонто – Феникс 113:104, Чикаго – Детроит 132:118, Милвоки – Минесота 123:114, Њу Орлеанс – Филаделфија 127:116, Денвер – Мајами 124:119, Голден Стејт – Портланд 118:112, Сакраменто – Јута 126:125.

 

ПретходноКарма: Му се смееше на Чави, а сега и тој отиде на Блискиот Исток
СледноВучиќ повторно во свој стил: Нема да им дадам пари на фудбалерите, играа лошо на СП!