По продолжение и голема драма, Барселона победи против Црвена Звезда (99:94), а мечот го одбележа Никола Миротиќ кој погоди клучна тројка, иако тоа ќе испадне по судиски превид – додека ја „згазна“ линијата пред да го изведе ударот. И покрај тоа, Миротиќ беше испратен со овации и пречекан во Белград, како и Никола Калиниќ, кој два мандати го носеше дресот на Црвена звезда.
Но, не сите навивачи на црвено-белите се однесуваа спортски кон Калиниќ, кој на патот кон соблекувалната беше погоден со чаша. На голема среќа истата бепе пластична.
Исто така, од трибините се слушаа навреди на сметка на српскиот репрезентативец, кој летово ја прифати понудата на еден од најсилните европски клубови и по вторпат го напушти Мали Калемегдан.
Navijač Zvezde gađa Nikolu Kalinića posle meča u Pioniru pic.twitter.com/N8QFuUAgI8
— Kalabaster (@KalabasterJak) December 30, 2022