Спектакл во најава: Меси против Роналдо за последен пат!

1052

Кристијано Роналдо заврши со играње на елитен фудбал. Тој се пресели во С. Арабија каде ќе игра за Ал Наср. Со тоа се чини дека завршува епската “војна“ меѓу него и Лео Меси. Ривалство кое трае веќе 15 години и повеќе.

Сепак, на задоволство на фудбалските фанови, следува мега – дуел, веројатно за последен пат и тоа во Ријад.

Имено закажана е пријателска средба меѓу ПСЖ и комбиниран тим на Ал Наср и Ал Хилал.

Се разбира дека ќе игра Роналдо за Арапите, а секако дека Меси па и Мбапе и Нејмар, нема да го пропуштат овој спектакл.

ПретходноНеверојатна година: Меси ја заврши 2022-та како најплатен светски спортист!
СледноГреј со убав гол не дозволи уште една победа на „граѓаните“ (видео)