Со оглед на тоа дека сеуште се свежи сеќавањата од Мундијалот во Катар нема премногу да елаборираме. Направени се сите анализи, се знае кој новиот фудбалски Бог, првата титула за Меси и трета за Аргентина.
Се разбира Мбапе е во фокусот, многу изненадувања, Мароко спектакуларен, Хрватска со бронзата.
Разочараа Србија, Белгија, Германија, Шпанија… а убедливо најслаб селектор е Драган Стојковиќ – Пикси кој со своето тренерско незнање просто ја уништи својата репрезентација.
Но доста за него, ако на Србите им е добар како селектор, тогаш и натаму нека им биде.
Бразил самиот се зафркна со својат препотентност.
Аргентина почна со пораз од С. Арабија, заврши со победа над Франција во финалето по пенал – серијата.
Тој меч во финалето, тие 120 минути, секако и пеналите, шансите, головите, пеналите во текот на регуларниот дел, напнатоста, се беше тоа за мерак.
Ова беше најдобро финале во историјата, можеби и најдобар фудбалски меч во историјата.
Катар се покажа како одличен домаќин, а Мундијалот беше за уживање.
И на крај…Лео си дојде по своето. Сега сите можат да кажат кој е најголемиот.
Фудбалскиот генијалец стави печат на една фантастична кариера.
На својата сакана земја и го донесе пехарот по цели 36 години пауза, го освои она што му недостигаше.