Актуелниот есенски шампион во ПМФЛ, тимот на Струга Трим Лум, на пролет ќе биде посилна за искусниот Меџит Незири.
Дефанзивецот си замина од Шкендија и потпиша за Струга, во обид овој тим уште повеќе да се засили и да дојде до првата шампионска титула во својата историја.
Незири има интернацинално искуство и е дефинитивно играчот кој на Струга Трим Лум и е потребен во овие клучни моменти.